Повторно се нудат „Чебрен“ и „Галиште“, дали сега некој ќе загризе

Bez autora
Mar 09 2011

„Чебрен“ и „Галиште“ го разбудија интересот кај странските инвеститори. Тендерот за двете хидроцентрали на Црна Река треба да заврши на 16 март годинава, а досега се јавиле повеќе фирми. Се јавија и побараа информации повеќе странски компании, а неколку од нив подигнаа и тендерска документација. Но, до 16 март кога ќе заврши првата претквалификациска фаза од тендерската постапка, не може ништо официјално да се коментира ниту да се обелоденуваат имиња на компании. Последниот, трет тендер за хидроцентралите, по неколку одложувања и пролонгирања на роковите во изминатите години беше распишан на крајот на јануари оваа година. Министерот за економија, Фатмир Бесими, рече дека овој пат се понудиле флексибилни и атрактивните новини во текстот на тендерот, кои гарантирале успех. Дали така ќе биде, ќе видиме на 16 март.

Повторно се нудат „Чебрен“ и „Галиште“, дали сега некој ќе загризе„Чебрен“ и „Галиште“ го разбудија интересот кај странските инвеститори. Тендерот за двете хидроцентрали на Црна Река треба да заврши на 16 март годинава, а досега се јавиле повеќе фирми.

„Се јавија и побараа информации повеќе странски компании, а неколку од нив подигнаа и тендерска документација. Но, до 16 март кога ќе заврши првата претквалификациска фаза од тендерската постапка, не може ништо официјално да се коментира ниту да се обелоденуваат имиња на компании“, изјави портпаролката на Министерство за економија, Селвет Барути.

Последниот, трет тендер за хидроцентралите, по неколку одложувања и пролонгирања на роковите во изминатите години беше распишан на крајот на јануари оваа година. Министерот за економија, Фатмир Бесими, рече дека овој пат се понудиле флексибилни и атрактивните новини во текстот на тендерот, кои гарантирале успех. Дали така ќе биде, ќе видиме на 16 март.

Имено, се' поизвесните најави за изборите што треба да се случат оваа пролет, оставаат простор за сомнеж дека кој било странски инвеститор ќе реши да дојде во земјава. Дури и Бесими неодамна изјави дека во време на избори нема да може да се потпишуваат какви било договори со инвеститори, како што е вообичаено. Со други зборови, дури и да се појави конкретен инвеститор за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ , ќе се почека до парафирањето на договорот најмалку до наесен кога ќе се знае исходот од изборите.

Стопанствениците, пак, веќе искоментираа дека изборите не им носат добро на економските текови, особено сега, по кризата, кога на земјата и' е потребен побрз развој и инвестиции. Односно, дека е сигурно оти под прашалник ќе се стават проекциите за развој за годинава, која Владата ја најавуваше како инвестициски мошне активна.

„’Чебрен’ и ’Галиште’ отсекогаш важеле за атрактивни проекти, но не верувам дека кој било инвеститор ќе дојде во земјава во вакви турбулентни политички времиња. Ќе се чека да завршат изборите, па потоа да се парафира договорот, при што мора да се внимава тоа да не му е на штета на буџетот. Добро е, како што велат од Економија, што во последниот тендер се сменети техничките аспекти, односно висината на браната. Тоа претходно беше клучната пречка за инвеститорите, затоа што нејзината преголема висина не гарантираше исплатливост на проектот“, вели Јани Макрадули од СДСМ.

Инаку, тендерот за „Чебрен“ и за „Галиште“ треба да оди во две фази. Првата би требало да заврши на 16 март ако некоја од компаниите евентуално не побара одложување. Втората, квалификациска фаза, треба да заврши на крајот на јули кога би требало да биде избран инвеститорот. Ќе се оди со моделот на јавно приватно партнерство и концесија за постојната хидроцентрала „Тиквеш“ на Црна Река. Притоа, како партнер се јавува државната ЕЛЕМ. Динамиката и роковите на градење на двете централи ќе се утврдат во втората фаза од тендерот.

Според насоките на консултантот ИФЦ, во првата фаза не се бара прецизна висина на браната. Освен тоа, наместо приходи од 2 милијарди евра, колку што претходно се бараа од инвеститорот, сега тој треба да има вкупен приход од 100 милиони евра во последните две години, да има реализирани инвестиции во енергетиката во вредност од 300 милиони евра и да има објект во вредност од 100 милиони евра инвестиран од сопствени средства. Според првични пресметки, проектот „Чебрен“ и „Галиште“ чини 540 милиони евра, а пазарната цена ќе се знае подоцна.

Најголемиот фаворит што важеше за овој проект на претходните два тендера, германската „РВЕ“, се откажа од трката лани есента не затоа што според Бесими, не сакала да инвестира, туку оти германската влада драстично ги зголемила даноците за нуклеарните централи и со тоа ги намалила и шансите за нови инвестиции надвор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik